За едно деноноќе 6 сообраќајки и 3ца повредени во Скопје

Шест сообраќајки со тројца повредени се евидентирани во претходното деноноќе во Скопје.
 

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден санкционирала 20 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а еден возач го управувал возилото под дејство на алкохол и е исклучен од сообраќај. Двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, четворица возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, а 16 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати биле и 62 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети биле вкупно 51 возило. 

ВИДЕО: Македонец си направи ветерница и си произведува бесплатна струја

Уште едно интересно и пред се корисно видео од Дејан Киевски на неговиот YouTube канал. Овој пат Дејан склопи ветерница со чија помош произведе струја. Погледнете што ви е потребно и како да го изведете тоа:

Испратено од Дејан

Популарно