Во РЕК Битола настана експлозија причинета огромна штета!

Во текот на вчерашниот ден во РЕК Битола експлозија се случила  и во моментов целосно е излезен од функција вториот блок на централата, дознава Економски Лидер од извори во компанијата.

Според информациите кои дојдоа до нас експлозијата се случила на 6 киловолтна склопка од напојна пумпа. Засега нема информации за повредени или жртви. Нашите извори јавуваат дека е настаната огромна материјална штета.

-Самото вклучување на оваа склопка 200.000 до 300.000 евра а кога на тоа ќе се додаде штетата од нефункционирањето и цената на ремонтот на склопката, сумата веројатно ќе достигне неколку милиони евра. – вели нашиот извор.

Специфично за инцидентот е тоа што токму оваа склопка неодамна била ремонтирана за што била платена исклучиво висока цена.

Коментари

Популарно