Пророштво на Баба Ванѓа“: Македонија ќе се спаси од договорот од Преспа за 8 години, кога во државата на власт ќе дојде...

Поминаа околу 2 години од кога Никола Груевски повеќе не е лидер на Македонија, нешто помалку како не е претседател на ДПМНЕ и 3 месеци откако е азилант во Унгарија. Две години во кои Никола го гледавме на медиуми само од пред суд, но во послениве две недели, тој е повторно најзабелижителната личност во етерот. Најпрво на интервју на вестите на Сител, па со своите доооооолги статуси на Фејсбук и на крај денешното интервју на Инфомакс. Груевски и од далечина е помоќен од цела ДПМНЕ во Македонија.

Ги проследив сите негови обраќања и како и што очекував, моето мислење за него не се промени ни малку. Груевски никогаш не го добил мојот глас на избори и никогаш нема да го добие. Воопшто не ми е важо против кого ќе се кандидира (ако воопшто то некогаш се случи) затоа што јас никогаш не сум гласал за „помалото зло“. Зло си е зло, а Груевски секогаш ќе биде само тоа.

Одалечен на неколку илјади километри од татковината, тој се споредува со херои од македонското минато, кои ете морале да побегнат од државата за да ја продолжат борбата за македонската кауза. Екс премиеров дури и не го користи зборот „побегнат“, туку времено дислоциран! Ало Николаааа!!!! Уше никој не знае како си ја збришал, каква дислокација, па уште времена! Дислоциран баш ноќта кога треба да се пресели во Шутка! Дислоциран азилант! Очигледно Груевски сеуште живее во својот мал свет, во кој се што е добро во државава (можно и во светов) е негова заслуга, а се што не чини, нема врска со него. Така владееше 11 години, така се однесува и сега. Не е негова вина што негови сопартијци се во притвор, Заев е крив. Не е негова вина што пратеници кој тој ги стави на листа на избори го дадоа гласот за Севрна Македонија, Заев е крив. Не е запознаен дали (господин) Мијалков принудувал пратеници на ДПМНЕ да гласаат за промена на уставното име. Ништо Никола не знае, ниту има вина во него. Не е виновен ниту за Пржино, ниту за СЈО, „бомбите“ се лепени, сечани, монтирани, а владата на Заев марионетска. Добрата вест е дека Никола има план, т.е. парадигма! Планот на Груевски е брз влез на Северна Македонија во НАТО и ЕУ, а потоа актуелизирање на македонското прашање и враќање на нашето уставно име и идентитет. Две прашања: Зошто и како?

1. Зошто? Ако вече власта на СДСМ е марионетска, чија цел е само да го промени името за Северна да влезе во НАТО, а некогаш, можеби во ЕУ, кој ја поставил? Ова што Никола икако да ни го одговори е чија завера е целиов процес? Целта е јасна, промена на име, историја, идентитет....но кој е играчот зад Заев, ако тој е марионета? Кој тоа прислушкувал во Македонија, ако не е ДПМНЕ на Груевски? Овие прашања никогаш не ни ги одгвори, а јасно е и дека нема. Ако веќе идејата било Северна да влезе во НАТО, дали тоа значи дека НАТО го постави Заев на власт? Ако е така, зошто Груевски и понатаму сака во НАТО? Цела ЕУ го поздрави договорот со Грција, дали тоа значи дека и тие кумувале во доаѓањето на Заев на власт? Чија марионета е Заев, ако не е на НАТО и ЕУ, каде Северна е тргната? Или и НАТО и ЕУ се марионети на истиот господар на СДСМ?

2. Како? Во НАТО сме веќе примени. Секако како Северна, но влезот во ЕУ, за кој Груевски дава 6-8 години, е децении далеку од нас. Не со оваа влада на Заев или со било која друга влада што Македонија некогаш ја имала. Всушност сите тие влади не донесоа на ова дереџе. Како сега Груевски сака за 6-8 години да влеземе во ЕУ и уште поинтересо, како по тоа замислува враќање на уставното име, историјата и идентитетот? Не велам дека идентиетет се брише за 8 години, но како мисли да го вратиме процесот назад? Тој беше на власт 11 години и не мрдна во преговорите со Грција ниту педа, напротив ги врати назад. Како сега се охрабрува дека овој чекор, по тешка наша капитулација е воопшто можен? Ќе дојде некоја влада, некогаш, е таа влада ќе ја реши состојбата! Целото негово ФБ обраќања во форма на, како што тој вели, ПАРАДИГМА звучи како бајка. Пепелашка рибаше, рибаше подови и дојде самовилата ја пеобрази во принцеза и принцот падна на нејзината убавина. Или на „пророштво на Баба Ваѓа“: Македонија ќе се спаси од договорот од Преспа за 8 години, кога во државата на власт ќе дојде....

Ванѓа оддамна не претскажува, но не треба да си видовид за да сфатиш дека кариерата на Греувски е завршена. Всушност тука е најголемата трагедија. Завршен политичар е најгледаниот лик во државава и за многумина единствениот спас. Воедно, истиот, дури и од Будимпешта е многу пореален за сегашните проблеми со кои се соочува Македонија од Заев. Зоки си има розевки наочари и секој ден на телевизија повторува дека „СЕГА ЌЕ ГИ СЛУШАМЕ ГРАЃАНИТЕ“. Реченица со која јасно ни кажува во лице дека до сега тоа не го правеле. Или со руги зборови, знам дека референдмот падна, знам дека јазикот за двојазичност е против уставен, знам дека договорот со Бугарија не чини, но од сега ќе ве слушаме. Жими мајка.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно