Премиерот Зоран Заев не беше присутен на инаугурацијата на претседателот Стево Пендаровски, што отвори можност за низа шпекулации во јавноста.
Со свој став, односно според свои информации се јави и Зоран Божиновски – Буревесник, кој тврди дека причината за отсуството воопшто не е навивна.
-Премиерот е одсутен поради сериозни здравствени проблеми. Направена е проценка дека не ја заслужувате вистината за ова,- пишува Божиновски.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак реагираа дека возењето мотор за Заев е поважно од инаугурацијата на Пендаровски
-Зоран Заев не мораше физички да биде присутен на инаугурацијата на Стево Пендаровски бидејќи Пендаровски е негова сенка, без интегритет, која само треба да ги аминува криминалите и корупцијата на менторот. Зоран Заев не мораше да биде физички присутен затоа што кога тој зборува, нема потреба Пендаровски да отвори уста. Возењето мотор е поважно од инаугурирањето на Пендаровски, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.