Тамара, колку мислиш дека е глупав овој народ?

„Секоа чудо за три дена“, стара македонска изрека. Ок, не знам дали е македонска, но знам дека кај нас се покажува како точна секогаш. Еве и денеска веќе речиси никој да не зборува за Тамара. Да бидам реален, во времево на Заев и другариве, секојдневно има толку многу гафови, што тешко е јавноста да се задржи на еден, подолго од неколку дена. Затоа решив, дури сеуште има барем мал интерес на темава, да искоментирам уште еднаш.

Прво, за вториот статус на Тамара и обидот да се самопрестави како жртва, лажејќи очигледно уште еднаш. Потценувањето на интелектот на народот и стана навика на пејачкава од Скопје. Во вториот статус, Тамара ја повтори лагата дека менувањето на химната било несакајќи, иако како што пишав пред некој ден, има докази дека тоа не е така. Потоа го вмеша нејзиното смејство, слично како при настапот на Евровизија кога 200 пати кажи дека ќе пее за ќерка и. Јас не знам низ каква тоа агонија поминувало нејзиното семејство. Им се заканил некој? Ги малтретирале на улица? Затоа што ако имало такви испади, пејачката треба веднаш да пријави во полиција. Она што знам е дека прочитав огромен дел од коментари до неа на нејзиниот фејсбук и иако повеќето без непријатни, па дури и злобни, не прочитав ниту една директна закана по неа. Освен јајца на концерт, ама не верувам дека тоа Тамара го сфаќа како „агонија“ за неа и семејството. Од таму, мојот став е дека Тамара намерно се крие зад семејството, зад фактот дека таа е мајка и повторно глуми жртва. За крај сето ова да го зачини со уште една лага: „Ниту сум била ниту ќе бидам дел од нечии политички игри“! Па добро бе Тамара, зарем волку евтина лага треба да помине? Ајде без да објаснувам, еве волку само:

Толку за неа, сега за они кои како по наредба се јавија во одбрана на пејачката по нејзиниот втор статус. Прво да се разбереме:

Тамара воопшто не е, ниту била проблем. Тамара си е Тамара. Не беа злобните коментари (секако непотребни) насочени кон неа, туку кон она што стана, односно што го преставува. Тамара, од сакана македонска пејачка, стана естраден преставник на една политичка идеологија, која ни смени име, устав, историја, идентитет... и не мисли да престане да ни менува. Сите напади беа насочени кон тоа што Тамара стана, тоа што Тамара го преставува. Требаше да знае дека се си има цена, па и парите за промовирање на политиката на оваа (и секоја друга) влада. Сега појасно е?

Всушност и не станува збор за напади кон Тамара, туку за одбрана на она што нас ни значи!  Пејачката нападна, ние се браневме! Ние ја браниме Македонската химна, илинденската историја и сите комити. Со тоа го браниме она што за нас значи да си Македонец, она што за нас значи идентитет. Со кое право вие го напаѓате тоа? Дури и да сметате дека идентитетот почнува со Црвенковски или Заев, со кое право нас не напаѓате? Туку, се убаво напиша Трајче Бјадов на Фејсук, па еве да не се мачам да го гклопувам по свое:

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно