Заев: „Бoмбите“ што сега се објавуваат, не се од „нашите“

Кај поранешниот началник на Петата управа, Горан Грујевски, кој е во бегство, биле пронајдени три милиони разговори, додека СДСМ поседувале една третина од т.н. „бомби“. Ова го изјави премиерот Зоран Заев во неговото вечерашно гостување на ТВ „Клан“ и додаде дека тој не треба да преземе одговорност за „бомбите“ кои сега излегуваат во јавност.

– Една третина од т.н. „бомби“ беа во наш посед. Анализирајќи ги само датумите, по моја и по проценка на СДСМ тоа беа само една третина. Кога влегоа кај Горан Грујевски запленија повеќе од три милиони разговори само, а ние, ако не се лажам, предадовме некои 700.000 разговори и околу 350.000 пораки. Дел од тие разговори кои сега се лиферуваат, не биле ни во наш посед. Никогаш не биле во наш посед, рече премиерот.

Коментари

Популарно