Мицкоски: Ако сум зел пари од Кичеец самиот ќе одам во притвор

Осомничениот Зоран Кичеец добивал инструкции да дава изјава против мене, кажа на денешната прес конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Лидерот на најголемата опозициска партија рече дека власта се обидува да го вовлече во случајот „Рекет“ обвинувајќи дека зел на рака пари од обвинетиот Кичеец…

–Со понуда за милост да даде ваков исказ. Дајте доказ дека тоа се случило и јас доброволно во затвор ќе се пријавам. Не треба ни Русковска ни Реџепагиќ. Сам ќе отидам во притвор, рече Мицкоски.

Зоран Заев е на колена, октоподот е во слободен пад, доаѓа обнова на Македонија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во партиското седиште.

Според него криминалот од вакви размери не е можен без поддршка од Зоран Заев.

-Катица Јанева не е во притвор а може да избега, може да влијае на сведоците и како прв човек на СЈО да го повтори делото. Катица Јанева е само продолжена рака на главниот во овој октопод. Зоран Заев е свесен дека Меѓународниот сојуз на еден од обвинетите важи на извесен начин на чедо на СДСМ. Сомневањата се дека тоа е параванот и за многу други случаи на изнуда и рекет. Заев е во состојба да се откаже од сите само за да се спаси себе. Некои велат Катица е следната, но тоа за граѓаните во Македонија значи само уште еден криминалец помалку на слобода. Некои велат дека нема тука застане. Никако да дојдеме до главниот а тоа е оној што го осмилил и аминувал тој криминал – рече Мицкоски.

Тој запраша какви докази крие семејството на еден од осомничените, кој е вклучен во таа белградска врска на мешетари платени со македонски пари, кои се луѓето кои се офајдиле од куфер политиката, како и на што се должи заострувањето на политиката кон Катица Јанева.

– Немаме правна држава затоа што ја убија и ја погребаа. Падот на оваа власт не е прашање дали ќе се случи, туку кога. Народот ќе каже доста е на следните предвремени парламентарни избори. ВМРО ќе ја сруши оваа власт и ќе донесе правда – рече Мицкоски и најави масовни протести на ВМРО-ДПМНЕ.

Коментари

Популарно