ВИДЕО: Никола Груевски се враќа во Македонија како херој, Заев ќе го пречека на аеродром!

Честитки до ВМРО-ДПМНЕ и до лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, упати новинарот Фуркан Салиу, објавувајќи ја изјавата на универзитетскиот професор по право – Гордан Калајџиев, по денешните консултации околу прашањето дали Јавното обвинителство треба да ги прифати предметите кои би му биле предадени од СЈО, како што побара специјалната јавна обвинителка Катица Јанева преку писмо испратено од притвор. Саркастичната честитка Салиу ја упати и до екс-премиерот во азил/бегство во Будимпешта – Никола Груевски, порачувајќи му дека наскоро се враќа дома, па дури можеби и како херој, па дури можеби и пречекан од премиерот Зоран Заев.

Со ваквиот пост, Салиу ја сподели разочараноста на Калајџиев, кој е револтиран што згаснува Специјалното јавно обвинителство без, како што вели, јасна причина. Калајџиев тоа го оцени како показател дека неговата единствена улога, т.е. причина за формирање на СЈО, било да ја урне владата на Груевски. Академикот Владо Камбовски, пак, кој исто така присуствуваше на консултациите, има спротивен став. Според него, „СЈО ја одигра својата улога во еден транзициски период и отвори смело многу предмети“, додека „сега со реформите во правосудниот систем, Обвинителството се оспособува ефикасно да го гони криминалот и високата корпуција“.

И министерката за правда – Рената Дескоска, порача дека Калајџиев е осамен во ставот. Таа порача дека добро е да се донесе Законот за јавно обвинителство, иако сега веќе не е ургентно, откако ЈО ги прифати предметите на СЈО.

„Се надевам дека емоциите деновиве ќе слегнат и ќе можеме да продолжиме со разговорите од вторник”, рече таа

Коментари

Популарно