Тука нешто смрди, кој тоа може да има компјутер во затвор?

Синоќа на ТВ Телма Гордан Калајџиев, професорото по кривично право изјави дека дел од обвинителите на Специјалното јавно обвинителство му кажале дека писмото на Катица Јанева за предавање на предметите на СЈО на ЈО било пишувано на компјутер и на рака.

Кој тоа ѝ го дал на Јанева писмото напишано на компјутер, на кое таа со рака нешто допишала? За овој скандал треба да се формира собраниска комисија која ова треба да го испита.

„Кој ѝ го дал на Јанева писмото напишано на компјутер? Кој влегол и ја посетил Јанева? Тоа се знае. Се снима. Директорот на затворот во Шутка Есад Рахиќ треба да одговори на некои прашања. Треба да се формира собраниска комисија. Кој тоа може да има компјутер во затвор? Тука нешто смрди“, изјави професорот Калајџиев.

Предметите од Специјалното јавно обвинителство кои се во судска, истражна и предистражна постапка одат во рацете на Јавното обвинителство на Македонија, одлучи државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Претходно ЈО го добило писмото од Јанева од притвор во кое се предаваат предметите на СЈО во надлежност и натамошно постапување на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Коментари

Популарно