Телото праќа сигнали месец пред да се случи

Иако многумина мислат поинаку, срцевиот удар ретко се случува од ведро небо. Поточно, телото се обидува да не предупреди со денови порано, со недели па дури и со месеци, пред самиот удар, иако ретко ги препознаваме знаците.

Непријатно чувство во градниот кош е еден знак. Кај поголемиот дел од случаите на срцев удар, нападот започнува со непријатно чувство во градниот кош и истото трае малку подолго од неколку секунди или се повторува неколку пати. Пациентите чувствуваат голем притисок и болка. 

Непријатно чувство во горниот дел од телото, како болка и непријатно чувство и во едната или кај двете раце, грбот, вратот, вилицата и желудникот. Болката во грбот и во вилицата почесто се јавуваат кај жените.  Задишаност, вртоглавица и мачнина се исто така знак.

Коментари

Популарно