Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, призна вина пред судот

Курто Дудуш, градоначалникот на Општина Шуто Оризари од редовите на СДСМ денеска призна дека е виновен за физичкиот напад над иселеникот Демир Исмаил, и рече дека жали за стореното. Судијата Ѓоко Ристов му изрече казна "судска опомена" на тужениот. 

Оштетениот Исмаил рече дека ќе бара оштета од Дудуш и дека добиените пари ќе ги донира во хуманитарни цели.  Претходно, Исмаил рече дека како причина за нападот е тоа што неговата организација донира храна и облека за жителите на општината, но тоа не му се допаднало на Дудуш и се обидувал да го спречи.

Според неговото сведпштво, градоначалникот јавно го нападнал во 2018 година на Ромски бал во хотелот „Александар Палас“. 

Коментари

Популарно