Начевски и Николов ќе го судат неделното финале.

Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија најдобра потврда за квалитетната арбитража на актуелното Европско ракометно првенство, со информацијата дека ќе го судат неделното финале.

Финалето ќе се игра во Стокхолм, а претставува прво големо финале за Начевски и Николов, кои изминатите сезони судеа на сите големи репрезентативни натпреварувања и ракометната Лига на шампиони.

Утрешните полуфинални средби им се доделени на Хорачек и Новотни од Чешка (Шпанија-Словенија), односно Ралуј и Сабросо од Шпанија (Норвешка-Хрватска).

Коментари

Популарно