Рускоска: Доколку Љубомир Јовески ја напушти позицијата, ќе ја напуштам и јас

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска ќе ја напушти функцијата прв човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција само доколку републичкиот јавен обвинител Јовески го стори истото.

„Не, не е точно. Но, доколку позицијата ја напушти Љубомир Јовески, ја напуштам и јас“, одговори Рускоска на новинарско прашање даи се точни шпекулациите дека заминува во адвокати.

Запрашана каде завршила торбата со милионот земен од Орце Камчев, обвинителката која го води случајот „Рекет“ одговори со прашање:

„Вас ве интересира за торбата или парите? 148 илјади евра потрошени во продавници во Италија со мајка му. За тоа најдовме фискални сметки. Телевизија е скапа играчка. Јас знам дека тоа чини од 60 до 80 илјади евра месечно. Поготово, знаете кој калибар на новинари… Па сигурно, тие не седеле во таа телевизија зошто многу го сакаат и почитуваат Бојан Јовановски. Потоа еден џип, втор џип, трет џип. Добро, на лизинг ама и тој треба да се плаќа, рече Рускоска, која синоќа гостуваше во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.

Коментари

Популарно