Играчите на Вотфорд се исплашени по потврдата за тројца позитивни на Ковид-19

Повеќе фудбалери од првиот тим на Вотфорд одбиле да се појават на денешниот тренинг откако беше потврдено дека тројца членово на овој премиерлигаш биле позитивни на тестирањето за коронавируст.

Вчера од Премиер лигата потврдија дека од 748 тесирани, кај шестмина (фудбалери и фудбалски работници) тестовите биле позитивни на Ковид-19.

Капитенот на Вотфорд, Трој Дини од предходно одби да се врати на тренинг поради опасноста од вирусот . Поради истата причина поголемиот дел од првотимците денеска одбиле да тренираат.

Ситуацијата во Вотфорд дополнително ја искомпликува позицијата на лигата и најавениот рестарт. До крајот на оваа недела ќе има низа состаноци а ќе бидат извршени уште неколку масовни тестирања по што многу работи ќе бидат појасни.

Коментари

Популарно