(Видео) Ја погледнал снимката и се изненадил од тоа што го видел

Мартин Хинд нарачал пакет, но се зачудил откако со денови не му стигнала пратката. Се јавил во службата за испорака, која му кажала дека го испорачала пакетот на неговото работно место пред гаражата.

Откако не можел да заклучи што се случило со испораката, решил да ги прегледа снимките на надзорните камери. И тука го здогледал виновникот.

На снимката се гледа доставувач, кој го остава пакетот пред капијата, а потоа во кадар влегува и лисица, која во еден момент го зема пакетот и го носи на непознато место. Мартин оваа снимка ја објави на социјалните мрежи, каде што стана вистински хит.

„Ова е речиси невозможно, но мило ми е што се случило, се надевам пакетот не е премногу скап“, беше само еден од коментарите.

Коментари

Популарно