Видео: Како се краде столица од ...

Во текот утринските часови во петокот, околу 02.30 ч. од продавницата Тобако, сместена под безистенот во Битола, од страна на непознато лице е одземен стол, кој бил оставен и заборавен пред самиот дуќан.

Газдата на дуќанот упати апел доколку некој го познава човекот од видеото да му пренесе да дојде кај нив и да си го земе и другото столе пренесуваат од Маркукуле.мк

 

Ako go poznava nekoj cickoto neka mu kazi da dojdi ke mu go dajme i drugiot stol.

Posted by La Tobacco on Friday, October 4, 2019

Млад пар од Босна и Херцеговина патуваат околу светот со Фиќо

Своето патување околу светот го прават со нивниот најдобар пријател, “фиќото”. Тие се Амар Чамо (31) и Лејла Чамо (28) од Босна и Херцеговина, а на инстаграм познати како “ficacrew”.

– Фиќото влезе случајно во нашиот живот, мојата мајка случајно го видела кај еден човек и ми даде идеја дека би било добро да го купиме. Кога одлучивме да го купиме, сопственикот веќе го продал, а ние зопчнавме со потрагата по малото зелено возило. Конечно успеавме да го најдеме, ја започнува својата приказна за српски “Блиц”, Амар Чамо.

– Фиќото не го купивме за да привлекуваме внимание, туку станува збор за љубов кон старите, а некогаш популарни автомобили. Во тој период планиравме да патуваме и ни беше потребен автомобил.

– Во досегашните патувања, видовме различни реакции од луѓето. Некои не гледаат како социјални случаи кои немаат пари за возило, додека има и такви кои ја сфаќаат убавината на она што го имаме ние.

-Фиќото е нашиот животен сопатник. Никогаш не не’ изневерило.

Манекенката Софија Милошевиќ е активна на социјалните мрежи

Манекенката Софија Милошевиќ девојката на фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ е бремена и го очекува своето прво дете.

Манекенката која е позната по врските со многу  српски фудбалери ужива во бременоста и чека да се оствари во улогата на мајка.

Убавата манекенка е активна на социјалните мрежи.

На Инстаграм атрактивната Софија објави две фотки на кои позира во долна облека , фотките експресно добија илјадници коментари и лајкови.

Софија на фотографиите во долна облека изгледа совршено, во преден план е нејзината идеална става.

Егзит ќе се одржи од 13 до 16 август

Откако во повеќето балкански земји се укинуваат рестриктивните мерки за спречување на епидемијата на корона вирусот, одредени се новите датуми за 20. роденденска прослава на Егзит. Најголемиот фестивал во балканскиот регион и еден од водечките фестивали во светот ќе се одржи од 13 до 16 август годинава.

Тимот на Егзит најавува и дека целиот настан ќе се организира во блиска соработка со Националниот кризен штаб на Република Србија, а како една од мерките ќе биде и намалување на капацитетот на фестивалот на половина од вообичаените 55.000 посетители дневно. Исто така, ќе бидат затворени и рововите во кои инаку се сместени околу 40 бини и зони. Сепак, најимпресивните места на Петроварадинска тврдина кои го прават Егзит легендарен, како што се колосалната „Денс Арена“, главната бина и култната „Ноу Слип“ бина, како и уште некои сцени, ќе блескаат и ова лето во полн сјај!

Повторното покренување на продажбата на влезниците почнува на 1. јуни, додека повеќе детали за фестивалот, можноста за рефундација и програмата пристигнуваат во претстојните денови. Фестивалскиот тим потврди дека голем број од изведувачите се исклучително желни да настапат ова лето. Многумина беа во изолација со месеци, одвоени од фановите, па Егзит го гледаат како можност за сите повторно да се обединат.

Уште поважно од оживувањето на музичката индустрија е сигналот за надеж и оптимизам кој го испраќаме кон целото општество, а тоа е дека најлошото е зад нас. Помеѓу ширењето паника и оптимизам, ние секогаш го бираме ова второто – порачува основачот на Егзит, Душан Ковачевиќ.

Србија, како и многу европски држави, повторно ќе ги отвори своите граници без никаков лимит или ПЦР тестови. Организаторите напомнуваат дека доколку дојде до нов бран на епидемијата во поединечни држави, посетителите од тие земји ќе мора да поминат на ПЦР тест кој ќе биде бесплатен или со симболична цена. Сепак, српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека епидемиолозите очекуваат ситуацијата во цела Европа до август да биде целосно под контрола.

Популарно