ФОТО: Дали Ивона Талевска е трудна?

Главниот и одговорен уредник на Вечер и уредник во СИТЕЛ Телевизија Ивона Талевска на својот Instagram профил некое време постира фотографии кои асоцираат на тоа дека можеби е во блажена состојба. На едната фотографија која ја објави пред некое време се гледаат бебе кое расте и под него пишува loading.

Iv 1

А на втората фотографија се гледа стомаче на девојка и е постирана со коментар sexy.

Iv 4

Сака ли нешто да каже Талевска со овие фотографии оценете сами

Во следните 7 дена овие три знаци ќе доживеат судбински промени

Овие три знаци ќе го почувствуваат позитивното влијание на Плутон во Водолија кое ќе пристигне на 20-ти ноември.

Бик

Во следните седум дена ѕвездите на Бикот ќе му донесат значајни промени на полето на кариерата и личните односи. Ќе имаат можност да донесат важни одлуки кои ќе им обезбедат стабилност, но и отворање нови врати. Покрај тоа, следува и период на поголемо емотивно исполнување, бидејќи работите во љубовта ќе почнат да се движат во вистинска насока. Бикот ќе сечувствува сакано и поддржано, а среќата ќе ги следи на секој чекор.

Водолија

Водолиите конечно ќе имаат среќа на љубовно поле. Во наредните денови можете да очекувате важни разговори со партнерот кои ќе резултираат со поголема блискост и разбирање. Исто така, можни сенови блиц можности за запознавање интересни луѓе, кои можат да донесат почеток на нова романса. Ова е период во кој Водолиите ќе бидат особено инспирирани, а среќата ќе ги придружува во сите лични иницијативи.

Јарец

Јарците во наредните денови ќе доживеат вистински пресврт во деловниот живот. Среќата ќе им се насмевне, а нивната упорност и труд ќе бидат наградени со нови можности за напредување. Дополнително, ќе се подобрат нивните меѓучовечки односи, а љубовниот живот ќе донесе изненадувања кои ќе ги направат исклучително среќни. Јарците ќе чувствуваат голема поддршка од луѓето кои многу им значат, што ќе им донесе внатрешен мир и задоволство.

Најголемите тајни на хороскопските знаци кои би сакале да ги скријат дури и од себеси

Овен

Вие сте познати како воин и борец за своите верувања и мислења – тоа е она што го гледа светот, затоа што токму тоа го покажувате со страст. Но, вашата тајна е дека длабоко во себе воопштно не сте така самоуверени како што настапувате – ни одблиску, и се чувствувате како најголем светски измамник.

Бик

Вие сте човек за кого е клучен безбеден и стабилен дом, кој сами сте си го обезбедиле и уживате во него. Но, и покрај вашиот посветен напор, работа и размислување, вашата тајна е дека длабоко во себе мислите дека не правите сè што можете и дека насмевката што ја носите на лицето е само маска.

Близнаци

Близнаците се душата на секоја забава и иницијатори за комуникација. Овој хороскопски знак ги охрабрува сите околу себе да ја прифатат својата природа и да бидат тоа што се. Но, тајната е дека сами за себе мислите дека животот честопати ви е пред распаѓање и на парчиња, и колку повеќе се обидувате да ја прифатите сопствената природа, толку се полоши работите.

Рак

Иако имате вродени родителски вештини и цврсто верувате во градењето силни семејни корени, целата идеја за традиционалното семејство и традиционалниот живот е голем предизвик за вас, без оглед колку ви се исплати. Вашата најголема тајна е стравот дека нема да се остварите како добар родител.

Лав

Секој ве гледа како самоуверена личност која зборува смело и делува исто како што се чувствува, но вашата тајна е дека всушност сакате поедноставен живот со помалку драма и тешкотии и зад сцената сте едноставна личност со едноставни потреби.

Девица

Аналитични и рационални, тие се лојални партнери и пријатели. Но, иако сте господари во помагањето на другите, вашата тајна е дека не знаете како да им дозволите на другите да ви помогнат на вас, без да се чувствувате виновни или да се срамите од тоа.

Вага

Вие сте создадени за да постигнете ред и хармонија, како во вашиот живот, така и кај вашите најблиски. Но, вашата голема тајна е дека животот всушност ви е хаос, а не хармонија.

Скорпија

Иако сте познати како магнет за луѓето и често имате длабоки врски со другите, тајната на припадниците на овој знак е дека тие честопати се стремат кон осаменост и обожаваат да поминуваат време сами, онака како што сакаат.

Стрелец

Вие сте познати како голем ризикувач, сонувач, оној кој сака авантури. Вашата тајна е дека сте во постојан страв и загриженост – дали сте направиле грешка некаде, дали донесовте добра одлука, дали сте избрале правилно…

Јарец

Вашиот живот се сведува на структура, долгорочни цели и планови, кои честопати им ги наметнувате и на другите. Но, вашата тајна е дека често би сакале да бидете повеќе спонтани и помалку оптоварени, но не знаете како.

Водолија

Додека вие сте крајниот трагач по вистината и се борите за правда на оние околу вас, криете тајна од сите – дека оваа борба е исцрпувачка и заморна за вас.

Риби

Вие сте сонувач и исцелител, и ако некој близок до вас страда, вашиот прв порив е да му ги „залечите“ раните. Но, тајната што ја криете од другите е дека секој ден сте под огромен притисок да го постигнете она за што сонувате и како суперхерој да ја лечите тагата и болката на вашите најблиски.

Дневен хороскоп

Овен

Овни, креативните идеи лесно ќе ви дојдат. Ова е совршено време да предложите нешто ново или да се справите со запоставен проект. Денешниот ден носи искреност во комуникацијата со саканата личност. Слободните би можеле да запознаат личност која ќе им ја промени перспективата. Енергијата ви е на врвот, но внимавајте да не се исцрпувате премногу. Време е за краток одмор.

Бик

Бикови, добро време е за деловни разговори или преговори. Вашата упорност и трпение ќе бидат наградени. Интимните моменти со саканата личност внесуваат дополнителна сигурност и стабилност во врската. Доколку сте слободни, можна е романтична порака од стара симпатија. Внимавајте на исхраната, можни се мали дигестивни проблеми.

ADVERTISING

Близнаци

Близнаци, ќе бидете во центарот на вниманието на работа, а вашите идеи ќе бидат пресудни за напредокот на тимот. Очекувајте пофалби. Незаборавна средба може да го фрли вашиот емотивен свет во немир. Оние кои се во врска може да очекуваат промени во динамиката со партнерот. Се препорачува поголема физичка активност за ослободување на насобраната енергија.

Рак

Ракови, можеби ќе се соочите со некоја непланирана пречка, но вашата интуитивна природа ќе ви помогне брзо да најдете решение. Вашите емоции се особено силни денес. Отворениот разговор со саканата личност може да донесе олеснување, а за оние кои се слободни претстојната вечер е поволна за нови познанства. Важно е да се посветите на себе, медитацијата или прошетката во природа би ви била многу пријатна.

Лав

Лавови, долго време работевте напорно, а сега вашите напори ќе бидат забележани. Отворете се за нови деловни можности. Вниманието на саканата личност ќе биде насочено кон вас, што дополнително ќе го подигне вашето расположение. Ако сте слободни, зрачите со впечатлива самодоверба. Енергијата е на задоволително ниво, но би сакале малку повеќе сон.

Девица

Девици, денеска фокусирајте се на деталите, бидејќи тие ќе бидат клучот за успехот во важна задача. Можно е мало несогласување со саканата личност, но со трпение и разбирање ситуацијата брзо ќе се смири. На слободните им доаѓа шанса за флерт. Внимавајте на нервите. Обидете се да се опуштите преку хоби или поминување време со блиски луѓе.

Вага

Ваги, размислувате за долгорочни цели, што е добро, но не заборавајте да се занимавате и со тековните обврски. Хармоничен ден во љубовта. Партнерството е исполнето со позитивна енергија, а слободните може да очекуваат романтични гестови од некој кој долго ги набљудува од далечина. Грижете се за ‘рбетот или грбот. Нежна физичка активност како јога може да помогне.

Скорпија

Скорпии, ќе бидете преоптоварени со задачи, но фокусот и одлучноста ќе ви помогнат сè да завршите на време. Страсните емоции ќе го одбележат овој ден. Доколку сте во врска, може да дојде до силно зближување со саканата личност. Слободни Скорпии, очекувајте магнетна привлечност кон некој нов. Пијте повеќе течности и избегнувајте стресни ситуации за да одржите внатрешна рамнотежа.

Стрелец

Стрелци, одлично време е за креативни проекти или размислување за нови деловни понуди. Динамичен период за љубовни врски. Можен е непланиран состанок или разговор кој ќе отвори нови врати за слободните. Во врската забавата и хуморот ќе ја освежат вашата врска. Енергијата ви е на високо ниво, но се препорачува кратка пауза за да ги наполните батериите.

Јарец

Јарци, трпението ви носи резултати денес. Работењето на долгорочни цели станува сѐ поплодно. Без разлика дали сте во врска или слободни, ќе барате подлабоки емотивни врски. Денес преку искрени разговори е можна подлабока поврзаност. Можни се поблаги главоболки поради стрес. Одморот и релаксацијата се неопходни.

Водолија

Водолии, во тек е период на напредување во кариерата. Ќе ви бидат претставени нови можности кои би можеле да го променат вашиот професионален пат. Денес имате можност да го отворите срцето за саканата личност или личноста која ви се допаѓа. Оние кои се сами може неочекувано да запознаат некој интересен. Потребно е повеќе време за одмор. Зајакнете го вашиот имунитет преку здрава исхрана и хидратација.

Риби

Риби, денеска инспирацијата доаѓа од необични извори. Бидете отворени за нови начини на работа и не отфрлајте иновативни идеи. Вашата романтична страна е изразена денес, па затоа е совршен момент да ѝ покажете на саканата личност колку мислите. Слободните се предодредени за средба која може да остави траен впечаток. Внатрешниот мир е клучот за вашето здравје. Правете активности кои ве смируваат и ве прават среќни.

Популарно