ФОТО: Вака изгледа кованата пара на НБРМ со ликот на Мајка Тереза

На аверсот, во централниот дел на монетата е претставен грбот на Република Македонија и натписот „2016“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.

majk2 (1)

На реверсот, во централниот дел на монетата е прикажан портрет на Мајка Тереза. На левата страна, во заднината, се прикажани украси во форма на крстови и срца.

Во долниот дел од левата страна е претставен цвет од повитот „Мајка Тереза“ („Matka Teresa“), одгледуван од страна на г. Стефан Франчак, полски језуитски монах.

majk1 (1)

На десната страна се прикажани датумите „1910 ‒ 1997“ (годините на раѓање и на умирање на Мајка Тереза) и „2016“ (годината на нејзината канонизација). Исто така, прикажано е латинското име „Sancta Teresia de Calcutta“ (света Тереза од Калкута), како и името на Мајка Тереза, на македонски и на албански јазик.

Во една просторија и операции и породувања!

Хируршките интервенции и гинеколошките породувања во кичевската општа болница се одиваат во една хирурша сала.

Поради недостиг на простор за двете одделенија, состојбата е ваква со години, иако оваа здравствена установа покрива територија од околу 60 илјади жители.

Гинекологот Љупче Ристески за Алсат вели дека ваквата ситуација е лоша и невидена на друго место.

Повеќе прочитајте на официјалната статија ТУКА на Алсат М.

Боки 13 поднел документација за нарушено здравје

Прво осомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски до судот поднел документацијата за влошена здравствена состојба.Документацијата ја доставил до судија на претходна постапка за укинување на притворот.

Боки 13 за време на претходната посета на судот му се слоши и тој беше изнесен да му биде укажана лекарска помош

На Јанева и е подобро, утре се враќа во Шутка

Поранешната Специјална обинителка, Катица Јанева, е во постабилна состојба и утре најверојатно ќе биде префрлена во затворот во Шуто Оризари каде ја издржува мерката притвор, која и беше одредена како осомничена во предметот „Рекет“, пренесува „Фокус“

Јанева е веќе четврти ден на болничко лекување во приватната клиника „Филип Втори“, каде беше однесена во четвртокот поради влошена здравствена состојба. На Јанева и бил измерен висок крвен притисок, а при испитувањата докторите утврдиле дека е во прединфарктна состојба.

Адвокатите на Јанева не одлучиле дали врз основа на болничкиот извештај ќе побараат од судот мерката притвор да ја замени со мерка куќен притвор. Како што велат првин ќе ја сочекаат одлуката на Апелациониот суд за поблага мерка за што е понудена гаранција

Популарно