Просото е пристапно, едноставно и навистина чудесно средство за лечење на бубрезите.Многумина тврдат дека просото им помага да заборават на проблемите со бубрезите.
Во народната медицина се користи како природен лек за лечење на уролитијаза ( создавање на камења во уриналниот тракт). Ефикасното ги чисти бубрезите, го елиминира песокот, го отстранува ситниот камен од бубрезите и бешиката, како и лечи циститис.
Инаку, просото е една од најпознатите житарици кои поседуваат видока хранлива вредност и лековити својства. Ви предлагаме еден навистина чудесен и делотворен рецепт на руската народна медицина за лечење на бубрезите, кој ќе помогне при чистењето.
Рецепт за отстранување на каменот од бубрегот:
Навечер 1 чаша (200 гр) просо измијте го во топла вода.
Сипете го продото во голема тегла (од 3 литри) и прелејте 2/3 тегли со жешка сварена вода. Преклопете и замотајте во нешто топло и оставете да преноќи така. Наутро ќе забележите бела и матна течност во теглата. Тоа е вашиот лек. Сипете ја течноста во друг сад. Пијте во текот на денот без ограничување, во било која количина, кога и да посакате.
Просото немојте да го фрлате. Сварете здрава каша и искористете ја за појадок ( 1 чаша просо, 3 чаши вода се варат 15 минути). Навечер подгответе нова порција за утредента, по истата постапка. Овој напиток треба да го пиете 10 – 15 минути.
Резултат: после 10 – 15 дена камењата ќе се растопат и ќе излезат заедно со урината, а бубрезите ќе останат исчистени од песокот и камењата. Елиминирано е воспалението, обновени се ткивата на бубрезите и органите на уринарниот тракт.
Оваа житарица не е скапа, а можете да ја пронајдете во сите продавници за здрава исхрана. Воведувањето на просото во својата исхрана, ќе допринесе за здравјето на вашите бубрези.