Фото:Се омажи Стојне од К-15

Стојне Стојанова, девојката добро позната од скечевите на познатата дружина К-15 вчера стапи во брак со својот вереник, струмичанецот Дејан Карадакоски, пишува „струмицаденес.мк“.

stojne2

Тие беа подолго време во врска за во септември минатата година Дејан со веренички веренички прстен да ја побара за жена и синоќа својата љубов да ја крунисаат. Иако биле школски другар, љубовта на Стојне и Дејан започнала кога и двајцата се појавиле на аудицијата за потрага на нови таленти на продукцијата К-15.

Во присуство на најблиските пријатели и роднини и дел од екипата на К-15 во хотелот Сириус се одржа свадбената веселба.

Коментари

Популарно