(Фото) Анастасија и Немања го изгубија бебето

Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ го изгубија бебето. Тажната вест ја соопшти српскиот репрезентативец на својот инстаграм-профил.

„Со вас споделивме добри вести и бевте со нас со сето срце, честитки и пораки. Благодарам за тоа. За жал, сега имаме лоши вести, но знаеме дека ќе ја имаме вашата поддршка и разбирање дека не сакаме да зборуваме за тоа. На наша голема тага, Анастасија и јас го загубивме нашето бебе. Ова е болен момент за нас, но нашата љубов и ова ќе го надмине“, напиша фудбалерот на Севиља на социјалните мрежи.

Погледнете кое е вистинското име на пејачот

Често се случува да ги знаеме само уметнички имиња на јавните личности, па некогаш ни е чудно кога ќе ги дознаеме нивните вистински имиња.

Пејачот кој сите го знаеме како Миле Китиќ, всушност не се вика Миле.

-Моите родители сакаа да имам традиционално име. Моето вистинско име е Милојко, изјави тој во една телевизиска емисија и ги изненади сите.

Да потсетиме, пејачот неодамна зборуваше за своето воспитување и сиромаштијата во која живеел.

-Спиевме во куќа каде гореше само една печка, другите соби беа ладни, без греење. Спиев на места каде што има влага, на мувлосан душек. Немавме ниту добра облека, ниту чевли, но бевме здрави. Затоа сега сум здрав, вели Китиќ.

(Фото) Лепа Брена позира со синот, нејзината насмевка открива емоции

Популарната пејачка Лепа Брена стана мајка во деведесеттите години, а синовите Стефан и Виктор се родени во 1992-ра и 1998-ма година.

На профил на Инстаграм неодамна беа објавени досега невидени фотографии од Брена и нејзиниот син Стефан, кога тој имаше едвај една година.

На оваа црно-бела фотографија Брена го држи во скут малиот Стефан, со широка насмевка на лицето.

Популарно