Нов кружен тек помеѓу Карпош и Ѓорче Петров

Нов кружен тек со кој ќе се олесни движењето на возилата ќе биде изграден на булеварот „Партизански одреди“ кај Порта Влае, во делот кој води кон општината Ѓорче Петров. Кружниот тек ќе биде со дијаметар од 40 метри, ќе има велосипедски патеки, а со проектот е предвидено и улично осветлување и изградба на атмосферска канализација.

17500unnamed

Официјалниот почеток на градежните работи беше означен денеска, а на него присуствуваа премиерот Никола Груевски, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалниците на Ѓорче Петров и Карпош, Сокол Митревски и Стевчо Јакимовски.

- Се работи за голем проект во кој градоначалникот на Град Скопје во соработка со градоначаниците на Карпош и Ѓорче Петров го подготвува подолг период. Оваа година ќе се гради кружниот тек, а следната година проширувањето на булеварот „Партизански одреди“, истакна Груевски.

666666gr9

Втората фаза која предвидува проширување на булеварот „Партизански одреди“ ќе започне откако ќе бидат решени имотно-правните односи.

- Со изградбата на кружниот тек ќе се зголеми безбедноста на сообраќајот, а од друга страна овој дел од Скопје ќе добие подобар изглед, истакна градоначалникот Коце Трајановски. Овој кружен тек е седмиот што се гради на подрачјето на Скопје.

Коментари

Популарно