Климатски промени, технолошки криминал, одржливост… Ова се само некои од термините кои според пишувањето на медиумите треба навистина да не исплашат.

Колку се навистина опасни овие работи по нашата планета и човечкиот род? Водечки научници и економисти тврдат дека ова се петте најголеми закани на човештвото до 2050 година.
1. Миграција
Милиони луѓе до 2050 година би морале да се селат поради климатските промени. Промената од само 3 степени целзиусови би можела да доведе до егзодус на 600 милиони луѓе.
Да биде уште полоша работата, научно е потврдено дека за новите климатски промени се одговорни токму луѓето.
2. Поплави

Бреговите ширум светот се изложени на големи опасности поради порастот на морињата. Шансите да биде поплавен Менхетен се зголемени за 20 одсто од 19 век.
Поплави на шеталиштата во Њу Јорк се случувале еднаш во 100 години, сега се случуваат на секои четири или пет години.
3. Глад

До 2050 година се очекува околу 20 милиони деца да бидат гладни во Азија, Африка и Латинска Америка. Сето ова се случува поради падот на придонесите за житарици во последните неколку години.
4. Болести

Зголемени температури, влажност и несвестици ќе доведат до селидби на инсектите кои пренесуваат опасни болести во новите локации.
Кога се искомбинираат продолжените лета и се поголем број на луѓе кои летаат од еден крај на светот на друг, тоа ќе доведе до нови глобални пандемии.
5. Војна
Развојот на технологијата ќе доведе до ескалација на сајбер војната. Сиромашните држави автоматски ќе бидат во многу неповолна положба.
Тоа лесно би можело да доведе до повеќе нуклеарни војни.