Со цел да се претстави себе си како опасно момче на Фејсбук, Оскар Отеро Агилар си пукал во глава додека правел селфи. Несреќниот 21-годишник си ставил наполнет пиштол на глава, кој во еден момент испукал. Според локалните медиуми во Мексико Сити, Оскар пред несреќата бил на забава со двајца другари.

- Слушнав пукање. Веднаш повикав полиција. Кога стигна полицијата, дечкото се уште беше жив, рекол сосед на Оскар. За жал, момчето починало на пат кон болница.