Фото: Македонски билдер со 300 јајца на одмор во Грција

Многумина сакаат да имаат добро градено тело, да бидат мускулести како модели на билбордите, но зад таа нивна желба најчесто се крие изговорот "немам време“. Оваа максима не постои во речникот на најпознатиот македонски бодибилдер, Тоше Зафиров и неговата сопруга Габриела, кои една година интензивно се подготвуваат за настапот на најпрестижното натпреварување во бодибилдинг Арнолд класик - Европа, кое ќе се одржи на крајот од септември во Мадрид (Шпанија), пишува Вечер.

zafirov-so-300-jajca-i-30-kg.stek-na-odmor-vo-grcija-159246

Во тоа не ги спречи ниту летниот одмор, што за семејството Зафирови помина работно. Брачната двојка и на Тасос (Грција) се подготвуваше за предизвиците кои ги чекаат наредниот месец, а интересно е тоа што сами си ја приготвуваа храната во хотелот.

zafirov-so

- Уште кога резервиравме во хотелот побаравме истиот да има теретана. Интересно е тоа што поголем дел од храната си ја носевме од Скопје: 300 јајца, 30 килограми пилешки стек, зелени јаболка... Можам да кажам дека стравуваме да не не фатат на граница и да не обвинат за шверцување на јајца. Но, тие ни се едни од најважните продукти, бидејќи консумираме по 30 на ден, а за десет дена ни се потребни 300 јајца - додаде Зафиров.

Коментари

Популарно