Штербик го победи Цеље, Вардар славеше со 26-27

Првиот натпревар во Лигата на Шампиони оваа година за двата скопски клуба го одигра Вардар и тоа на гости во Словенија каде го совлада словенски Цељесо 26-27.

erbik-ke

Херој на мечот беше Арпад Штербик кој мечот го заврши со 22 одбрани или 45 % усшешно запрени удари кон својот гол. Во нападот се истакнаа Дибиров со 11 и Душебаев со 8 погодоци. Вредни за посменување се Прибак и Чипурин, додека комплетно потфрлија Лацковиќ, Горбок и Караџиќ.

Вардар не одигра на нивото коа се очекуваше, што е разбилриво бидејќи тимот е сеште недоволно уигран, но го оставри зацртаното и го доби Цеље во Словенија.

Утре својот пв меч во Лигата на Шампиони го игра и Металург и тоа на свој терен во Скопје против француски ПСЖ.

Коментари

Популарно