Според цените на деловите кои се вградени во новиот Samsung Galaxy Note 4, овој моде е најскапиот телефон што досега го направила компанијата.

Tech Insights го расклопи новиот уред за да утврди колку чини секој од компонентите што се вградуваат.
Големиот 5,7 инчен фаблет на Samsung, со сите делови и составувањето чини 260 долари. Во оваа цена не се пресметани трошоците за маркетинг, пакување, дистрибуција, како ниту сите трошоци за истражување пред стартот на производството.
Само новиот QHD екран има цена од 66,50 долари што зафаќа голем дел од буџетот. Следниот најскап дел е процесорот кој чини 40,50 долари.
Камерата од 16 мегапиксели чини 25,50 долари, додека цената на дел од останатите поважни компоненти изнесува околу 20 долари.