Родителите на Дениса го молат Премиерот Груевски

По сите препирки и доцнење на извештајот за ДНА за пронајденото тело во грчкото море, смејстовото на исчезнатата  Дениса Маркоска не им верува на резултатите, па бара од премиерот Никола Груевски помош Јавното обвинителство да издаде наредба до Институтот за судска медицина, да се изврши дополнителна ДНК анализа на телото коешто од Грција во среда ќе биде транспортирано во Македонија.

denisa-1-640x640

Таткото Кире Маркоски денеска со допис се обратил до Груевски.

- Ве молиме помогнете и нашата душа да се смири, интервенирајте кај Републичкиот јавен обвинител, да ни овозможи да направиме уште една ДНК анализа, за да бидеме сосем сигурни дека во ковчегот е нашата Дениса. Ќе не јаде тагата додека сме живи, но Ве молиме барем сомнежот да не не јаде – пишува во писмото кое Маркоски го испратил до премиерот Груевски.

На семејството не им е нејасно зошто Обвинителството го одбива нивното барање, кога инсистираат да ги платат трошоците во висина од 650 евра и целата постапка да заврши.

Дениса исчезна на 12. септември во водите на Егејот во близина на Карпатос, додека бродот на којшто работела пловел на отворено море. Последен ја видел колега на бродот, како пуши цигара на палубата.

По два и пол часа таа не се појавила на работно место. Истрата со глисер и хеликоптер на грчките служби беше безуспешна, телото беше пронајдено подоцна во фаза на распаѓање во морето.

Коментари

Популарно