Меџити: Нема недостиг на „амоксиклав“ во земјава

Министерот за здравство Фатмир Меџити тврди дека во земјава нема недостиг на лекот „Амоксиклав“. 

- Некој кажал дека нема, тоа можеби е индивидуално. Во регионалните земји го има, можеби тие имале некои резерви. Се слушнав со директорот на „МАЛМЕД“, во моментов не постои таков проблем. Снабдени сме со „амоксиклав“ и го има во моментов, изјави Меџити, одговарајќи на новинарски прашања.

Почина Драги „Шпага“

Замина уште еден урбан градски скопски лик. Драги Христов кого сите го познаваа по прекарот Драги – „Шпага“, почина на 52 годишна возраст по кусо и тешко боледување, откако му беше констатиран карцином на белите дробови, пишува ВИСТИНА.

Пошироката македонска јавност го запозна во 2004 година по учеството во едно од првите реални шоуа во Македонија, кога имаше обид самостојно да создаде ријалити од овој тип. Реалното шоу се викаше „Тоа сум јас“, а се снимаше во куќа во Скопје и беше сличен формат на „Големиот брат“.

Шоуто се прикажуваше на МТВ, а подоцна имаше обиди за негови варијации на други телевизии. Драги – Шпага беше токму победникот во првата сезона на ова реално шоу, а како награда тогаш доби автомобил.

Целата вест прочитајте ја на ВИСТИНА

Поради асфалтирање затворена за сообраќај делницата Велес - Градско

Поради асфалтирање, од денеска до 3 јуни делницата Велес - Градско, од 8 до 16 часот, ќе биде целосно затворена за сообраќај.

Како што информира АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Популарно