Цеца Ражнатовиќ нападната на гробот на Аркан

Вчера се одбележани 15 години од смртта на Жељко Ражнатовиќ Аркан, сопругот на Цеца Ражнатовиќ.

vhjvhjbjklnklm

На поменот кој се одржал на гробиштата во Белград вчера, сестрата на Аркан, Јасна Диклиќ, била мошне груба кон познатата српска пејачка Цеца. Имено таа од надгробната плоча на брата си ја тргнала корпата во која Цеца донела пченица и послужување. Во тој миг на Цеца и затреперило лицето, но без оглед на се достоинствено се однесувала до крајот на службата.

Сестрата на покојниот командант Аркан не застанала тука, туку по опелото одржала говор кој дополнително ја подгреал ситуацијата.

-Последните петнаесет години јас на брат ми му ги организирам парастосите, а од следната година тоа ќе го прави неговиот син Никола, кој се враќа во Србија – рекла Јасна.

Цеца после тоа бесно ги напуштила гробиштата.

Извор: Вистина.мк.

Коментари

Популарно