И по четири поминати години Боки 13 се уште стои на тоа дека Елена Ристеска и Дарко Димитров биле во тајна љубовна врска

„Секогаш стојам позади она што ќе го кажам и поради тоа ги сносам последиците од изреченото. Тужен сум од страна на Елена и Дарко за вистина и по толку поминати години уште стојам на тоа дека тие двајца беа во тајна љубовна врска. Но, да ви кажам една работа искрено, мене буквално ме заболе уво со кого тие имале каков било љубовен или сексуален однос. Ме изиритира нивното лицимерие и лигавост во тоа време. Поради нив не отидов на Евровизија и изреволтиран решив пред јавноста да ги откријам нивните вистински лица. Во спротивно, никогаш не би биле предмет на мој интерес или пак тема на муабет што би го правел, бидејќи тие за мене и двајцата во пакет се обични вагинални ликови", вели Боки.
Судската сага трае веќе 4 години, а секое следно рочиште се оддложува поради непојавувањето на пејачката пред органите.
„Точно е дека судските рочишта одземаат време и пари, но оваа работа нема да ја прекинам и со последниот атом сила кој го имам ќе се борам се додека не ми се извинат. И двајцата се свесни дека целата македонска јавност знаеше за нивните меѓусебни односи и дека тоа беше јавна тајна која никој немаше храброст да ја каже во лице, а јас за истата бев тужен и се додека тоа не се реши во моја полза, тензијата нема да престане. Од мене бараат пари, а не се свесни дека можат да добијат само чоколадна банана".