Ненад Опачиќ и Јасмина Опачиќ беа ладнокрвно убиени, а според истрагата, убиството го направил професионалец. Според податоците до кои дојде српскиот Курир, Ненад и Јасмина, брачниот пар од Србија, биле убиени од убиец помлад од 45 години. Ненад бил усмртен со 10 куршуми, додека неговата сопруга била усмртена со еден куршум во челото.

Жртвите биле погодени во главата и вратот, а потоа убиецот ладнокрвно избегал од местото на настанот. Фактот дека убиецот им пришол и ги убил, говори дека не станува збор за аматер, туку некој кој си ја знае работата.