Сметањето на времето по Маите, кое почна пред 5.125 години, 3113. година пред нашата ера завршува на 21 декември 2012 година, што кај помали групи на луѓе се пробудува страв дека тогаш ќе се случи голема катастрофа.
Еден од нив е и Рон Хабард, кој во Монтебел (Калифорнија) направил комфорен блиндиран подземен бункер со кожна софа, плазма телевизор и дрвен паркет.
Хабард произведува хај-тек подземни „рекреациски засолништа од бомби“, а минатата година работата му процвета: продавал од едно засолниште месечно, па дури до едно дневно.
Комфорните бункери за заштита од бомби, нуклеарни остатоци и хемиски оружја имаат кревети, кујни, тоалети па дури и камини, а просечната цена им е 75.000 долари.
- Се подготвувам да слезам во моето засолниште на 21 декември кога веќе го имаме, а ако кој било од нив од астрофизичарите е во право би се чуствувал многу глупаво тоа да не го направам, рече Хабард.
Тој дополни дека продал засолништата на астрофизичарите кои веруваат дека постои можност „дека ќе не погоди силна ерупција на Сонцето или силно радиоактивно зрачење“.
- Ќе поминам три дена под земја за да бидам на сигурно. Ако имате бункер и вие треба тоа да го направите. Не верувам дека нешто ќе се случи, но никогаш не се знае, рече Хабард.
Неговите цилиндрични засолништа имаат површина од 45 квадратни метри, должина 15 метри и ширина три метри. Имаат и резервни излези од вратите кои се отвораат само од внатре како и херметички затворен простор за деконтаминација меѓу влезовите и просторијата во која се живее.
Хабард рече дека почнал да прави засолништа затоа што и сам сакал да има едно, но не бил подготвен да издвои за тоа меѓу еден и два милиони долари. Освен луѓето кои се плашат од катастрофа, меѓу неговите муштерии се и ловците кои ги користат како ловџиски куќички, како и оние кои во нив планираат да ги поминат викендите.