Точно пред 16 години започнаа воздушните напади на НАТО над Сојузна Република Југославија кои траеа 11 недели, а според проценките од повеќе извори загинаа меѓу 1.000 и 4.000 луѓе.

Бомбашкиот напад кој траеше без прекин 78 дена, целосно ги уништи индустриските објекти, училиштата, здравствените установи, медиумските куќи, споменици...

Одлуката за нападот на Србија и СРЈ, беше донесена без одобрение на Советот за безбедност на ОН. Наредбата на тогашниот командант на сојузничките сили, американскиот генерал Весли Кларк, му ја дал генералниот секретар на НАТО Хавијер Солана. Кларк, подоцна во книгата „Modern Warfare“ го опишува планирањето за воздушните напади на НАТО против СРЈ.



