Вистинска паника се случувала во авион на една компанија која операрира од македонскиот аеродром. На летот од Западен Минхен до Скопје, вчера околу 15 часот се случил помал инцидент кој ги испаничил патниците.
Имено, летајќи кон Македонија, авионот бил зафатен од силни турбуленции по што, како што велат патниците кои утрово се јавија во нашата редакција авионот почнал неконтролирано да паѓа.
За среќа, присебниот и очигледно добро обучен екипаж брзо ја исконтролирал ситуацијата и успеал за триесетина минути авионот без никакви проблеми да го слета во Скопје.
Дел од патниците кои се јавија во нашата редакција беа потресени но велат дека се радуваат што успеале безбедно да слетаат.
Турбуленциите се редовна појава во авионските летови. Посилните предизвикуваат паника кај патниците бидејќи понекогаш се случува авионот да почне нагло да се спушта, но сепак, пилотите ја имаат контролата.