Видео+Фото: Гради куќа за бездомници и одгледува храна за нив, а има само 9 години

Иако Хејли Форт има само девет години, за бездомниците и за луѓето во нужда таа сторила повеќе од многумина од нас. Малото девојче своето слободно време го минува градејќи засолништа за бездомниците, па дури и одгледува храна за нив и ги снабдува со средства за хигиена.

07

Кога Форт имала пет години, таа ја замолила својата мајка Миранда да му помогнат на бездомник кого видела во Бремертон, Вашингтон, кадешто таа живее. Нејзината мајка се согласила, и сега двете заедно работат да им помогнат на луѓето коишто имаат потреба од тоа. Едвард, човекот на кој му помогнала, ѝ станал пријател. Таа ги прави засолништата за „да не те врне, да се чувствуваш безбедно и да бидеш на суво. Едноставно не е праведно да има бездомни луѓе“, изјавила Хејли за Кинг 5 Њуз. „Мислам дека би требало секој да има место каде да живее.“

01

Оваа година целта на Форт е да одгледа 113 килограми храна, да изгради 12 засолништа и да раздели илјадници хигиенски средства. Навистина поучна и инспиративна приказна за едно добро воспитано дете коешто и покрај тоа што живее во едно постмодернистичко општество со потрошувачка култура на себичност, од своето време и средства одвојува за толку несебична, човекољубива цел.

02

03

04

05

06

08

09

Коментари

Популарно