Од денеска сопствениците на моторни возила кои че пауваат во странство можат да купат едномесечен зелен картон за патнички возила до 66 киловати по цена од 30 евра, а тие што имаат патнички возила над 66 киловати, зелениот картон чини 50 евра, објави Националното биро за осигурување.

Откако премиерот Никола Груевски минатата недела ја најави оваа можност, Владата веднаш ја операционализираше оваа одлука и во престер на туристичката сезона им овозможи на граѓаните, освен годишна и месечна зелена карта. За ова се озвестени подражните единици на сите осигурителни компании.
Премиерот Никола Груевски минатата недела изјави дека едномсесечниот зелен картон ќе им излезе во пресрет на оние луѓе кои не излегуваат често од државата, односно патуваат еднаш во годината, еднаш или неколку пати во еден месец за годишен одмор или слично.
-Тоа веројатно ќе го одберат сите оние што повеќе од еден годишен одмор не излегуваат надвор од државата или, пак, на кои им треба само за еден месец, за еднократна употреба, но за тоа треба да платат речиси половина цена, изјави премиерот Никола Груевски. Македонските граѓани до септември 2011 година за зелен картон со важење од еден месец плаќаа 2.450 денари (40 евра), за три месеци 3.670, за половина година 5.500 денари, а за една година 9.760 денари (150 евра).