Интересни факти за Дедо Мраз, Нова Година и Божиќ

Дедо Мраз

Дедо Мраз е познатиот чичко што доаѓа вечерта на Божиќ и носи подароци на децата кои биле добри, а им остава јаглен на децата што биле лоши преку целата година. Препознатлив е по црвено-белиот костим и долгата бела брада, а да не ги заборавиме ирвасите кои ја влечат неговата санка, преполна со подароци и малите елфови кои се работниците во неговата фабрика и воедно се негови помошници.

За жал, кога ќе пораснеме, се сретнуваме со една многу сурова вистина: Дедо Мраз не постои! Подароците под елката се од нашите родители! Па, тоа било само една лага, која родителите ја користеле за да бидеме мирни и умни.

Епа, големи и мали деца, ќе ве просветлиме со еден интересен факт, кој ќе го разбуди повторно Божиќниот дух во вас и ќе ве потсети на радоста која сте ја имале во исчекувањето на овој прекрасен чичко:

Тој некогаш постоел!

Да, вистина е. Дедо Мраз е всушност Свети Никола(с) од градот Мира, кој денеска се наоѓа негдека во Турција. Живеел во третиот век во нашата ера и бил познат по неговата несебичност и дарежливост, посебно кон децата. Многу често, на сиромашните деца, тој им оставал во нивните чевли, пари и храна во текот на ноќта.

Иако Свети Николас живеел пред толку многу години, тој е Дедо Мраз само 200 години. Имено, холандската традиција го држи Свети Николас жив преку своите приказни со името Синтерклаас. Тој во нивните приказни бил владика кој шетал од куќа до куќа и носел разни подароци за децата во ноќта на 5-ти Декември.

Англиското име "Santa Claus" е прв пат искористено во 1773 во весник во Њу Јорк. Понатака, во 1822 во поемата на Клемент Мур, наречена "Посета од Свети Николас", или подобро позната како "Беше ноќта пред Божиќ", кога Дедо Мраз за прв пат "се качи" на  магичната санка, влечена од ирвасите и полна со играчки, а воедно и "се здебели". Идејата за Дедо Мраз остана низ 19-тиот век, но на крај на векот, последните детали и илустрации за изгледот и приказната беа додадени од компанијата "Coca-Cola", односно илустраторот Хадон Сандблом, кој ги направи кожните чизми, црвеното одело и белото крзно стандардите кои сеуште се препознатливите бои и карактеристики на Дедо Мраз.

Видео: Што децата НАВИСТИНА мислат за Дедо Мраз.

Неколку интересни факти за Нова Година и Божиќ

Нова Година е најстариот 'празник', а се славел дури и во антички Вавилон, пред цели 4000 години

Првите вештачки божиќни елки биле направени од страна на германците, а била направена од собоени пердуви од гуски, а првите декорации биле јаболки.

Во САД, Божиќ официјално станал државен празник дури на 26 Јуни, 1870 година.

Правење бучава и користење пиротехника за време на славењето се верува дека доаѓа од античките времиња, кога се верувало дека бучавата и огнот ги истеруваат злите духови и носат среќа.

Почитувани наши посетители, редакцијата на zase.mk Ви посакува Среќни празници, многу здравје, среќа и пари во новата година и секако сите желби кои сте му ги посакале на Дедо Мраз, да ви се исполнат.

zase.mk и во новата година ќе остане ваша СЛОБОДНА ЗОНА!!!

 

Коментари

Популарно