Нашиот Ален се пласира во финалето на Ѕвездите на Гранд

Во напната атмосфера беа соопштувани резултатите од гласањето. За натпреварувачите беа испратени повеќе од 100.000 гласови, а Македонците беа многу активни бидејќи токму со нивните гласови Ален Хасановиќ се пласираше во финалето.

alen-hasanovic-zg31

Додека не беше соопштено дека токму тој ќе оди во финале нашиот Ален беше видно вознемирен, но кога беше кажан неговиот број му олесни, мислевме дека повторно ќе се најде на подот, но… Скокна и среќен едноставно кажа – Благодарам Македонијо! Бидејќи Македонија му помогна да оди во финалето и да почне да го остварува својот сон. Финалистите со скандирање „Одиме во Скопје“ се простија од публиката.

Во финалето на „Звезди на Гранд“ се пласираа:

Тројца момци:

Семир Јахиќ

Ален Хасановиќ

Харис Бељковиќ

Три девојки:

Марија Станкиќ

Велма Хашиќ

Билјана Стојимановиќ

Коментари

Популарно