ВИДЕО: Хаска изела кекс со марихуана - Еве што се случувало со кучето

На интернет се појави вознемирувачко видео кое го прикажува ефектот на марихуана врз куче-хаска. Кучето се бори само со себе си за да остане седнато, јазикот му виси, а главата му паѓа. Неговиот сопственик стој до него и се обидува да му помогне.

haska

Тој под видеото ја објасни ситуацијата: „Мојот цимер и јас гледавме телевизија кога видовме дека Локи се „губи“. Не можеше да ги контролира мускулите. Тогаш сфативме дека во торбата на наш пријател пронајде кекс со марихуана и го изеде“, напиша сопственикот и додаде дека наредниот ден кучето се вратило во нормална форма.

Коментари

Популарно