Видео: Шарлиз Терон го покани Обама во стриптиз клуб

Во текот на гостувањето во шоуто на Џими Кимел, актерката Шарлиз Терон се присетила како во една пригода го поканила американскиот претседател Барак Обама во стриптиз клуб. Терон призна дека во текот на гостувањето била мошне нервозна, што резултирало со неприкладен коментар.

- Ова е страшно Џими. Ова е страшно - ја започнала приказната 39-годишната актерка.

sarliz

- Ми се случува толку многу да се вознемирам за да на крајот речам нешто навистина неумесно... Како да не знам да запрам. Нешто како „вербална дијареа“ - рекла Шарлиз Терон. Нејзиниот коментар се однесувал на претходното гостување во емисијата на Кимел, кога Обама изјавил дека му е мило што со учеството во емисијата може да се обиде да „освои“ нови гласачи од другите демографски групи.

- Потоа направи долга пауза и јас повеќе не знаев што да кажам. Единствено што ми падна на памет беше: „Па, ако барате гласачи на нови места, можам да ве однесам во стриптиз клуб“, открила Терон пред да се насмее и да го покрие лицето со рацете.

Таа додала дека со недели потоа не можела да спие, затоа што и било срам.

- Ги затворав очите и си помислував: „О Боже мој, јас тоа го реков. О Боже мој, зошто тоа го реков? - рекла Терон.

Кимел и упатил аплауз за храбоста и и предложил на сите идни претседатели да им ја упати истата покана.

- Тоа да му го предложеше на Клинтон, најверојатно се уште ќе бевте во тој стриптиз клуб - се пошегувал водителот.

Коментари

Популарно