Легендата на македонската кошарка и претседател на македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски, во разговор за хрватскиот медиум „24 часа“ истакна дека Хрватска е апсолутен фаворит на вечерашниот дуел со Македонија, а скромните амбиции на нашата селекција на овој Евробаскет лежат и во тоа што не играме во најдобриот состав. Тој вели дека Македонија на Перо Антиќ му дала многу, ама тој не е како Дирк Новицки, Тони Паркер или Пау Гасол, НБА – ѕвезди кои и во своите доцни кошаркарски години играат за своите национални селекции.

„Тоа ги поремети нашите амбиции. На Перо му дадовме многу, но не тој не ни врати, како што на своите репрезентации им вратија играчи како Новицки, Паркер или Гасол. Поради тоа нашите амбиции се само пласман во вториот круг, а за тоа пресудна треба да ни биде победа над Грузија“, изјави Наумоски.