Владиката Качавенда силувал момчиња во манастирот. Мене се обидуваше да ме силува секој ден. Залудно е да го пријавам случајот во полиција затоа што тие секој ден се гости кај владиката.
Силуваното момче Милиќ Блажановиќ не можело да издржи повеќе и се разнело со бомба, изјави вечерва во шокантната исповед на ТВ, Бојан Јовановиќ, отец Серафим.
Тој додаде дека суровата реалност ја поминал со епископот Василиј Качавенда.
- Качавенда силуваше момчиња, Милиќ Блажановиќ, кој го повика во манастирот, бидејќи тој немаше пари да оди на училиште, ветувајќи дека ќе му го продолжи неговото образование подоцна - рече Бојан Јовановиќ, отец Серафим. Тој додаде дека, кога доаѓале во манастирот Папрача, отец Братислав Марковиќ вперил автоматска пушка во него и во епископот, велејќи: "Ќе ве убијам сите вас педери"!
Според отец Серафим, во дворот на црквата Папрача почиваат делови од телото на детето што се разнело со бомбата, поради, како што рече, силувањето на владиката Качавенда.
- Милиќ се доверувал на отец Стефан. Јас и тој тајно ги погребавме деловите од телото на момчето во дворот на црквата. Отец Стефан беше следен, тој тоа го знаеше - рече Бојан Јовановиќ во емисијата. Последниот пат кога тој го виде момчето, посведоч Јовановиќ, тој му се заблагодари, "како да претчувствуваше дека нешто ќе се случи."
Јовановиќ кажува дека, кога дознал што се прави владиката, "станал мета на платен убиец". Според отец Серафим, кога за прв пат владиката Качавенда се обидел да го силува тој бил во шок.
- Тој ми рече да се соблечам за да види како сум граден. Во тој момент бев многу разочаран. Тоа беше шок, не знаев како да реагирам. Реков дека нема потреба за тоа. Почна да ме допира и фаќа во обид да ме бакне - рече Јовановиќ, додавајќи дека ова се случувало речиси секој ден, и дека на никого од СПЦ не можел да се обрати од страв. Кај владиката се собирале повеќе хомосексуални двојки, според отец Серафим, една вечер му рекле и да не ја напушта собата.
- Отидов во кујната и земав нож. Си реков, сега, ако тие дојдат да ме силуваат јас ќе се бранам. Таа ноќ ја поминав во страв. Се слушнаа чекори, а потоа некој затропа на вратата. Влезе Качавенда, и ме праша зошто не слегувам долу и бидам интимен со нив - вели Јовановиќ. Како што вели тој, обид за силување имало повеќе.
- Еден ден владиката седешњ на фотељата а јас на каучот. Тогаш тој се нафрли врз мене, почна да ми ги кине копчињата и раскинува кошулата. Почна да ме фаќа за нозете, гениталиите и градите. Тој се обиде да ми го стави јазикот во устата - тврди отец Серафим.
Јовановиќ тврди дека му кажал на Качавенда да престане да го злоставува, велејќи му да најде жена да го служи, а тој одговорил дека "жените се нечисти, и дека само машки деца се за него, најдобро од 10 -. 11 години". Тој тврди дека владиката издвоил 30.000 марки, за него, како наставник по веронаука, и му порачал да одбере сирачиња и да им ги даде парите, како помош од СПЦ, а потоа да ги донесе кај него за тој да "одбере кои се за него и неговото друштво."
- Му реков дека јас тоа не можам да го правам, не можам да ги подведувам децата - рече Јовановиќ.