Лино Червар селектор на Македонија?

Конечно дојде времето задолго очекуваниот и посакуваниот потег на РФМ, од целата македонска ракометна јавност, Лино Червар доби понуда да ја ја води машката ракометна репрезентација.

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Михајло Михајловски, по оставката на Звонко Шундовски од селекторската функција на машката ракометна репрезентација, кормиларското место му го понудил на тренерот на Металург, Хрватот Лино Червар.

-Се слушнав со Червар. Тој работи во клуб кој дава најмногу репрезентативци и нормално е прво да контактирам со него. Му оставив да размисли за прифаќањето на селекторската функција, но секако претходно да се консултира со неговите претпоставени во клубот. Тој еднаш беше на чекор да стане селектор, по оставката на Љупчо Савевски, но тогаш од непознати причини, неговиот спонзор Минчо Јорданов се откажа од преземањето на машката селекција и работата пропадна. Му соопштив да се изјасни побргу, оти на 7 февруари имаме Управен одбор на РФМ. Не сакам да се оддолжи овој процес, оти во април имаме мечеви за пласман на ЕП. Јас не можам сам да го назначам, само контактирав со него, а последниот збор ќе го каже УО на РФМ", изјави Михајло Михајловски за МКД.МК.

Македонската репрезентација на Светското првенство во Шпанија го освои 14. место, откако во осминафиналето бевме елиминирани од Германија. Ова беше за три позиции послаб резултат за "црвено-жолтите" од претходното првенство во Хрватска во 2009 година.

Денеска на Мундијалот во Шпанија се играат полуфиналните натпревари Шпанија - Словенија и Данска - Хрватска. Утре (19.00 ч) на програмата е мечот за третото место, а задутре во 17.30 ќе биде познат новиот светски шампион.

Коментари

Популарно