Поголемиот дел од Скопје вечерва немаше струја поради дефект на трафостаницата во Козле. Струја снема и во Драмскиот театар каде се одржуваше претстава, во публиката со своите телефони им помогна на актерите да го доиграат првиот дел.
“И после се прашувате зошто Драмски е најдобриот театар во Македонија!?
Еве зошто:
– Игра и кога снемува струја,
– Публиката одбива да замине од претставата и ги пали светлата на мобилните телефони за да можат актерите да добијат осветлување на сцената
– Актерите го доиграа првиот дел од претставата испратени со овации, објави на својот Фејсбук профил Роберт Вељановски, директор на Драмскиот театар во Скопје.
Од атмосферата на Фејсбук фотографија сподели и актерот Драган Спасов Дац.