ЕУ ја остава Македонија на цедило: Сами справете се со мигрантите во Табанивце

Европската комисија ѝ порача на Македонија дека бегалците што се наоѓаат во Прифатниот центар во Табановце не се нејзин проблем. Оттаму велат дека се посветени да ѝ помогнат на Грција, додека Македонија треба сама да се справува со бегалците на северната граница, пренесува Телграф.мк.

313317-transportirani-3.500-begalci-i-migranti-do-tabanovce

Европската комисија не сака да го прифати фактот дека бегалците во Македонија не паднаа од небо, туку влегоа од земја членка на ЕУ, а сега крева раце од нив.

- Договорот помеѓу ЕУ и Турција не ја покрива состојбата со бегалците во Табановце. Договорот се однесува на сите нови илегални мигранти што преминуваат од Турција на грчките острови, почнувајќи од 20 март. Ситуацијата со бегалците во Табановце мора да биде решена со билатерален договор помеѓу Грција и Македонија. Во овој момент можеме да информираме дека Грција искажа посветеност да ја засили граничната контрола со сите соседни земји - вели за Телеграф.мк, Елиза Недјалкова од кабинетот на заменик-портпаролот на ЕК, Мина Андреева.

Во моментов во Табановце има околу 1.300 бегалци од Сирија, Ирак и од Авганистан. Тие јасно велат дека немаат намера да се вратат во Грција, туку сакаат преку Србија да го продолжат патувањето во земјите од Европската Унија.

Тие останаа заглавени на северната граница откако со договорот ЕУ-Турција се стави крај на балканската рута преку која тие поминуваа.

Коментари

Популарно