ЕУ ја остава Македонија на цедило: Сами справете се со мигрантите во Табанивце

Европската комисија ѝ порача на Македонија дека бегалците што се наоѓаат во Прифатниот центар во Табановце не се нејзин проблем. Оттаму велат дека се посветени да ѝ помогнат на Грција, додека Македонија треба сама да се справува со бегалците на северната граница, пренесува Телграф.мк.

313317-transportirani-3.500-begalci-i-migranti-do-tabanovce

Европската комисија не сака да го прифати фактот дека бегалците во Македонија не паднаа од небо, туку влегоа од земја членка на ЕУ, а сега крева раце од нив.

- Договорот помеѓу ЕУ и Турција не ја покрива состојбата со бегалците во Табановце. Договорот се однесува на сите нови илегални мигранти што преминуваат од Турција на грчките острови, почнувајќи од 20 март. Ситуацијата со бегалците во Табановце мора да биде решена со билатерален договор помеѓу Грција и Македонија. Во овој момент можеме да информираме дека Грција искажа посветеност да ја засили граничната контрола со сите соседни земји - вели за Телеграф.мк, Елиза Недјалкова од кабинетот на заменик-портпаролот на ЕК, Мина Андреева.

Во моментов во Табановце има околу 1.300 бегалци од Сирија, Ирак и од Авганистан. Тие јасно велат дека немаат намера да се вратат во Грција, туку сакаат преку Србија да го продолжат патувањето во земјите од Европската Унија.

Тие останаа заглавени на северната граница откако со договорот ЕУ-Турција се стави крај на балканската рута преку која тие поминуваа.

Љубовта е најубавото нешто на овој свет

Престанете да се прашувате што би било кога би било и зграпчете ги сите шанси кои се пред вас! Не се држете до лошите спомени и луѓето кои ве повредиле и не ги затворајте очите пред оние кои можат навистина да ве сакаат.

Не се прашувајте дали треба да зборувате со таа личност, и едноставно направете го тоа. Не размислувајте за сите чекори и престанете да се прашувате што би било кога би било. Дозволете и на љубовта да биде дел од вашиот живот. Не се прашувајте како би било и дали ќе биде тешко, дајте си шанса себеси, а и на другата личност и дозволете да дознаете.

Слушајте го своето срце

Тоа тој силен мускул кој чука силно во вашите гради. Не го игнорирајте. Не се преправајте дека не чука посилно за некоја личност. Ако имате чувства во себе, покажете и ги на другата личност. Не рационализирајте, не креирајте сценарија и дозволете си да бидете среќни.

Пуштете ги луѓето во вашиот живот. Дозволете им да ги запознаете, и да ве запознаат. Не носете горчина во себе само поради тоа што еден или двајца ве повредиле. Бидете отворени кон луѓето, кон нови искуства и кон светот. Ќе доживеете и порази и победи, но ќе го паметите сето тоа. Еден ден ќе имате полна книга со сеќавања и се ќе има смисла.

Сакајте силно. Дајте им го срцето на оние луѓе кои го заслужуваат тоа и споделете го својот свет со нив. Верувајте во иднината, не се плашете од неа. Не се споредувајте со другите и само сакајте. Сакајте со целото срце.

Кои се најважни карактеристики кои треба да ги барате кај еден маж?

Кога сте во потрага по Вистинскиот, ќе налетате на многу мажи кои не се она што го барате. Тоа е сосема нормално и речиси е невозможно баш „од прва“ да го најдете вистинскиот маж. За да не лутате премногу, еве четири карактеристики кои би можеле да ви помогнат кога ќе бирате маж за себе.

Смисла за хумор

Без оглед на тоа колку е мажот привлечен и згоден, вашата врска нема да биде долготрајна ако тој нема смисла за хумор или ако е пресериозен. Покрај тоа, мажот кој ве засмејува ќе ви помогне и вие да не ги сфаќате работите премногу сериозно. А ако заедно се смеете, ќе ви биде позабавно без оглед на тоа што правите.

Маж без предрасуди

Луѓето со предрасуди можат да бидат прилично тешки. Да имате мислење за нешто е одлична работа, но мажот кој е целосно затворен за нови идеи и туѓи мислења воопшто не е „материјал“ за излегување. Да се биде во врска со некој кој нема предрасуди значи дека сте личност која ги прифаќа сите луѓе, идеи и начин на живот. Да се биде со некој таков е многу позабавно отколку да се трпи некој кој мисли дека само неговите идеи и мислења се вредни и важни.

Маж со цели

Мажите кои немаат никакви цели во животот, кои само седат пред телевизор или во обложувалница, се мрзливи мажи. Држете се подалеку од нив. Здрава доза амбиција е одлична за квалитетот кој треба да го поседува секој маж. Во спротивно, тој само лута низ животот и не знае во кој правец оди.

Маж со големо срце

Ако мажот нема душа, без оглед на тоа колку е згоден или успешен, држете се подалеку од него. Мажите кои имаат големо срце се внимателни, блиски се со семејството и пријателите, сакаат да им помогнат на драгите личности и имаат сочувство за сите.

Арнолд Федорович Смејановиќ: Ова е најлошо нешто за мозокот

Кога станува збор за хирургија, неврохирургијата го зазема второто место според сложеноста, веднаш позади кардиохирургијата.

До операција на мозокот најчесто доаѓа поради големи повреди, анеурезма и тумор, а повеќе детали на оваа тема открива академикот и познат неврохирург Арнолд Федорович Смејановиќ, кој во текот на својата долга кариера има направено над 3000 операции на мозок.

– Мозокот е орган како и сите останати. Правиме многу интервенции и многу од нив се потполно успешни интервенции- открива докторот и вели дека мозкот е помоќен од било која супермашина и дека се уште е неверојатна мистерија.

Овие работи за мозокот, д-р Смејановиќ ги открил, благодарејќи на секојдневните операции.

1. На многу прашања нема одговори. На пример, сфативме дека бројот на мзоочни функции и неговата способност немаат врска со интелигенцијата. Не ја сфаќаме ни масата, ни волуменот на мозокот. Верувате ли дека мозокот на генијалец и мозокот на личност со низок коефицинет на интелигенција изгледаат потполно исто?

2. Количината на сивата маса и шитината на умот немаат никаква врска. Луј Пастер, основачот на микробиологијата и имонологијата, имаше само една хемисфера во мозокот, а живееше и работеше исто како и другите луѓе, дури постигна и многу повеќе.

3.Туморот не мора навистина ништо да промени. Пред 40 години асистирав на операција на голем тумор на мозок кај млада студентка на музичка академија. Кога го извадивме туморот, сфативме дека една хемисфера е скоро потполно уништена. Девојката заздрави, заврши академија, се омажи за милионер, и ден денеска преубаво свири!

4. Најневеројатното откритие за мене беше тоа што свеста нема никакво „место“ во телото и дека врската меѓу мозокот и мислите се тотална мистерија. Оваа тајна ја знае само Бог.

5. На мозокот му е неопходен тренинг, знаење, читање, размислување за убавината, патување во потсвеста и разбирање како добро да се работи.

За крај, д-р Смејановиќ го дава најважниот совет:

6. Не дозволувајте мозокот да ви стане мрзлив, инаку ќе ослабне брзо. Читајте, одлучувајте, размислувајте, грижете се. Не дозволувајте да станете рамнодушни- тоа е смрт за мозокот!

Професор д-р Смејанович е член на Белоруската академија на науките и истакнат научник од областа на неврохирургијата. Тој е почесен научник на Република Белорусија. Работел како истражувач, супервизор и водач на неврохируршкото одделение во болницата во Минск, бил директор на Институтот за неврологија, неврохирургија и физиотерапија, министер за здравство на Белорусија, а од 2006 година раководи со невролошкиот оддел на клиниката за неврологија и неврохирургија во регионалната болница во Минск. Тој е автор на повеќе од 400 научни трудови и изумител на 25 патенти. Во текот на својата долга кариера, тој има извршено повеќе од 3.000 операции на мозок.

Популарно