Научниците изненадени: Северниот пол се поместува кон Лондон

Severen pol

Северниот пол никогаш не бил стабилен како што изгледа на географските карти бидејќи Земјата лесно се „ниша“ вртејќи се околу својата оска, што предизвикува и постепено поместување на половите, но научниците ги зачудило тоа што Северниот пол во последните неколку години се „свртел“ кон Лондон.

Пред 15 години, Северниот пол мистериозно ја променил насоката и наместо на запад почнал да се движи на исток. И тоа со двојно поголема брзина од порано, што ги поттикнало научниците на НАСА да истражат што се случува. Во 20 век, Северениот пол се движел западно во насока на Хадсоновиот залив во Канада, во просек 10 сантиметри годишно.

Но во 2000 година нагло и неочекувано ја променил насоката 75 степени источно и почнал да се движи со брзина од 17 сантиметри годишно.

- Повеќе не се движи кон Хадсоновиот залив отколку кон британскиот остров - изјавил Сурендара Адхикари од млазната лабораторија на НАСА.

Иако промената на насоката на Северниот пол е шокирачка, научниците не се многу изненадени што стои зад сето тоа. По проучувањето на бројни сателитски податоци, заклучиле дека за тоа е одговорен човекот, односно неговото влијание на водените површини на Земјата. Адхикари и неговиот колега Ерик Ивинс сакале да видат дали водените површини на Земјата се поврзани со нејзината ротација и утврдиле неверојатно силна поврзаност.

Влијанието било толку големо што кога ги пресметале промените во водената маса на Земјата за да ги предвидат позициите на Северниот и Јужниот пол помеѓу 2003 и 2015 година, резултатите совршено се поклопиле со реалните податоци.

И пред тоа се претпоставувало дека водените површини играат некоја улога, но се мислело дека станува збор за климатските промени и топењето на ледената покривка на Гренланд.

Адхикари и Ивинс докажале дека промените на Гренланд не се такви да се генерира толку голема енергија колку што е потребно за поместување на Земјината оска на исток за 17 сантиметри годишно.

Тие пресметале дека малку поисточно од Гренланд мора да биде дополнителна причина која го „поместува“ Северниот пол на исток.

- Одговорот е дефицитот на вода во Евроазија - изјавил Адхикари.

- На подрачјето на индискиот потконтинент и Каспиското езеро. Губењето на вода на Евроазија не е ни приближно толку драматично како топењето на арктичкиот лед, но научниците на НАСА откриле дека земјината оска посебно е чувствителна на промените околу 45 степени географска ширина, и северна и јужна, и тоа е причина затоа што промените во Индија се толку значителни. Добра вест е дека поместувањето на оската всушност не влијае на секојдневните животи, освен што незначително при користењето на ГПС навигација, Северниот пол колку што е познато, досега најдолго „отпатувал“ 12 метри. Истражувањето е обајвено во магазинот „Сајентифик адвансес“.

Коментари

Популарно