Колку заработуваат и што имаат најмоќните Руси?

Годишната плата на Путин е 114.438 евра, додека Медведев заработува 107.524 евра. Од имот, Путин поседува скромен стан од 77 метри квадратни, како и два автомобила "волга", и една "лада нива" и авто-приколка.

10-3819-

Официјален Кремљ ги објави имотните листи и годишните заработувачки на најистакнатите руски државници и така и овозможи на јавноста да им ѕирне во паричниците на Путин, Медведев, Песков...

Куриозитет е што двајцата најмоќни политичари во Русија, претседателот Владимир Путин и премиерот Дмитриј Медведев, спаѓаат во групата на скромно платени државници.

Russia's President Dmitry Medvedev speak

Годишната плата на Путин е 114.438 евра, додека Медведев заработува 107.524 евра. Од имот, Путин поседува скромен стан од 77 метри квадратни, како и два автомобила "волга", и една "лада нива" и авто-приколка.

Значително поплатени се членовите од неговиот потесен круг. Така, Николај Патрушев, секретарот на Советот за национална безбедност на Русија, заработува речиси четирипати повеќе од двоецот Путин-Медведев. Апсолутен шампион е министерот Михаил Абузов, кој заработува дури шест милиони евра годишно.

-Upload--Vesti-150225204241-aman-amanpour-peskov-putin-exlarge-169_201631512733

Освен имотните листи на челниците на Кремљ, објавени се и податоците за нивните сопружници. Највпечатливо име на списокот е Татјана Навка, сопругата на прес-секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков, која заработува повеќе од еден милион евра годишно, што е двојно повеќе од заработката на нејзиниот сопруг, а особено импозантен е нејзиниот возен парк каде има и неколку најскапи модел на "мерцедес".

Коментари

Популарно