Во тешка сообраќајна несреќа, која се случила доцна синоќа во директен судар на автомобили од марките, олеп и ауди автомобили.

Според полицијата вчеравечер околу 00:15 часот на раскрсницата од булеварот "Партизански ордед" и Булеварот "Октомвриска револуција", во близина на Хотелот Александар Палас, дошло до директен судар на автомобил опел астра, управуван од П. Л. и автомобил ауди со кој управувала М.Н., сите од Скопје.


Од ударот со тешки телесни повреди се здобиле возачот на аудито и сопатничка во астрата Б.М., додека М.Н. и сопатничките во астрата М.Н., Ј.Т. и К.М. поминале со полесни повреди. Сите биле згрижени во болницата "8 Септември". Полицијата извршила увид по што се работи на расчистување на причините за несреќата.

Загина возач на мерцедес на автопатот Скопје-Куманово
Дваесет и осумгодишниот Џемал Џемаили завчера го загуби животот откако со својот авотмобил излетал од патот. Според полицијата, завчера околу 10 часот на автопатот Скопје - Куманово, во близина на населбата Илинден се случила тешка сообраќајна несреќа, кога Џемаили, кој управувал со својот авотмобил мерцедес со скопски регистерски таблички, од засега непознати причини излетал од патот по што автомобилот се превртел. Повредениот веднаш бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде им подлегнал на повредите. Полицијата извршила увид по што работи на расчистување на причините за несреќата.